„Не ви веруваме на збор“: Босна ја пријави Хрватска до Советот на Европа за радиоктивен отпад на границата
Министерството за надворешна трговија и економски односи при Советот на министри на БиХ и здружението „Зелен тим“ Нови Град и Архускиот центар Сараево поднесоа извештај против Хрватска до Секретаријатот на Бернската конвенција при Советот на Европа, пишува Сараево тајмс.
Препорачано
Барањето е поднесено поради активностите поврзани со основањето на Центарот за отстранување на радиоактивен отпад на Трговска Гора, веднаш до границата со Босна и Херцеговина.
Ова го потврди претседателот на здружението „Зелен тим“, Марио Црнковиќ, истакнувајќи дека ова е уште еден меѓународен чекор во борбата против намерата на Хрватска да изгради складиште за нуклеарен отпад на локација што би можела да го загрози сливот на реката Уна и населението на таа област.
„Барањето до Бернската конвенција се однесува на заштитата на дивите видови, природните живеалишта и екосистемот на реката Уна. Досега веќе се активирани механизмите на Еспоо и Архуската конвенција, кои се однесуваат на проценка на прекуграничните влијанија, пристапот до информации и учеството на јавноста“, рече Црнковиќ за Срна.
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на границата со Босна и Херцеговина


