Фото: МВР на Србија / Фесјбук

Нелегална печатница во Белград штанцала лажни дипломи и документи — измамници заработиле над 170.000 евра

Српската полиција уапси четворица измамници под сомнение за „здружување за извршување кривични дела“ и „фалсификување документи“. Делата ги вршеле во подолг временски период во нелегална печатница во Белград, пренесе Данас.

„Од октомври 2025 година до денес, осомничените изработиле повеќе од 120 лажни, фалсификувани документи од сертификати, дипломи од разни средни, високи и високообразовни институции, уверенија за положени испити, магистерски дипломи,  со намера клиентите да ги користат како да се вистински и добиени преку легални начини“, соопшти српската полција.

На тој начин, осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 20 милиони динари (170.350 евра).

При претреси на адреси во Белград и Нови Пазар, пронајдени се фалсификувани документи, дипломи, сертификати, како и телефони и нелегална печатница во Белград со опрема за производство на фалсификувани документи.

Исто така, пронајдени се и конфискувани 44.550 евра.

Командант и тројца полицајци се уапсени во Србија — осомничени се дека го штителе Боске, осомничен за убиството на мафијашот Баја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот