„Епстин сакаше да ме уцени за моето неверство и да ме натера да соработуваме“: Бил Гејтс сведочеше за поврзаноста со сексуалниот престапник
Милијардерот и кооосновач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс на денешното сведочење за неговата поврзаност со покојниот сексуален предатор Џефри Епстин изјави дека никогаш никого не повредил и оти средбите со покојниот сексуален предатор биле „сериозна грешка во процената“. Истовремено, посочи дека Епстин се обидел да го уцени со цел да го принуди на соработка, пренесува Вашингтон пост.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Како што јавноста сега може да види во објавените материјали, Епстин се обиде да ги искористи информациите за моето неверство, со многу надоградени лаги, за да ме принуди на повторна соработка. Тој не успеа, но тоа покажува некои од начините на кои се обидел да ги искористи своите интеракции со мене за свои цели“, наведе Гејтс зад затворени врати пред Комитет за надзор на Претставничкиот дом.
Тој рече дека никогаш не бил сведок, ниту имал никакви индикации дека Епстин бил вмешан во тековни криминални активности.
„Никогаш не сум бил на неговиот остров, ранч или во неговиот дом во Флорида. Никогаш не сум бил повредил никого“, истакна Гејтс во подготвената воведна изјава во сведоштвото.
Гејтс истакнува дека во 2011 година имал три средби со Епстин и две следната година, додека во 2013 и 2014 година ги интензивирале средбите, кои биле за донации.
Тој тврди дека знаел за „претходните правни проблеми“ на Епстин, но оти „не го разбирал обемот на злосторства што ги извршил“.
Помошничката на Епстин им дала на истражителите три нови имиња на злоставувачи


