Фото: EPA/GRAEME SLOAN

Помошничката на Епстин им дала на истражителите три нови имиња на злоставувачи

Претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, изјави дека долгогодишната помошничка на Џефри Епстин им дала на конгресните истражители три нови имиња на наводни злоставувачи, дел од мрежата на покојниот сексуален претстапник, оценувајќи го тоа како клучен напредок во истрагата, пренесува Си-ен-ен.

Комер истакна дека Сара Келен, долгогодишна помошничка на Епстин, им открила на истражителите на Претставничкиот дом три претходно необјавени имиња за време на интервју зад затворени врати, додавајќи дека транскриптот од разговорот набрзо ќе биде објавен.

„Новите имиња се она што го чекавме. Денес сум поголем оптимист отколку што бев во изминатиот долг период“, рече Комер.

Келен, која долго време му била помошничка на Епстин, останува контроверзна личност поради обвинувањата дека помагала во врбување и злоупотребата на девојчиња. Од друга страна, таа тврди дека и самата била негова жртва, а некои аналитичари сметаат дека нејзината ситуација е комплицирана, иако полицијата веќе детално ја истражувала во минатото.

За време на сведочењето зад затворени врати, Келен негирала дека му била помошничка на Епстин и изјавила дека била сексуално и психолошки злоупотребувана од него, пренесува „Си-ен-ен“.

Комер рече дека неуспехот на Министерството за правда да ја интервјуира Келен до 2019 година покажува дека истражителите лошо постапиле со случајот на Епстин.

„Секојпат кога ќе донесеме некого, се појавуваат повеќе докази дека Владата ги изневерила жртвите. Тоа е очигледно“, изјави Комер, истакнувајќи дека по сослушувањето на сведочењето на Келен, верува дека таа била жртва на кривичните дела на Епстин, а не потенцијален соучесник.

Американскиот пратеник од Демократската партија, Раџа Кришнамурти, изјави дека политичарите што ја водат истрагата можеби со закон ќе ја присилат Келен да дојде на нов распит. Тој вели дека таа оставила многу неодговорени прашања за време на сослушувањето вчера, каде што дошла доброволно.

Извор запознаен со сведочењето на Келен за „Си-ен-ен“ изјави дека таа зборувала за сопствената наводна злоупотреба од Епстин, но одбила да се изјасни за злоупотреби во кои биле вклучени други лица.

Таа, исто така, изјавила дека никогаш не била сведок на недолично однесување од американскиот претседател Доналд Трамп, но тој и Епстин некогаш биле блиски, бидејќи Епстин имал фотографии од Трамп изложени низ неговите имоти.

Трамп ја разреши Пем Бонди оти бавно ги гонела неговите противници, а и поради Епстин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот