Пирс Морган/Профимедиа

Пирс Морган брутален кон Аргентинците: Се надевам дека Шпанија ќе ги прегази, како ние во војната

Вечерва од 21 часот во Њу Џерси ќе се одигра финалето на Светското фудбалско првенство, во кое силите ќе ги одмерат Шпанија и Аргентина. Дека Англичаните сè уште не се помириле со поразот од „гаучосите“ (2:1) во полуфиналето, најдобро покажува коментарот на познатиот британски новинар Пирс Морган.

Очигледно револтиран од потегот на аргентинските фудбалери, кои по натпреварот развија транспарент со натпис „Малвините се аргентински“, Морган не ги криеше своите симпатии пред финалниот дуел.

„Се надевам дека Шпанија ќе ги прегази, исто како што ние ги прегазивме во војната. Идиоти“, напиша Морган.

Да потсетиме, Фолкландската војна се водеше меѓу Аргентина и Обединетото Кралство од 2 април до 14 јуни 1982 година. Конфликтот започна кога Аргентина ги окупираше Фолкландските Острови, кои ги нарекува Малвински Острови, сметајќи дека тие ѝ припаѓаат.

Велика Британија возврати со испраќање силна поморска и воена експедиција за повторно воспоставување контрола врз островите. По 74 дена борби на море, во воздух и на копно, британските сили ја поразија аргентинската војска, која на 14 јуни 1982 година капитулираше.

Во војната загинаа повеќе од 900 лица, а островите останаа под британска управа, иако Аргентина и денес го оспорува нивниот статус и полага право на суверенитет над нив.

Белата куќа ги брани Аргентинците: Фудбалерите тука можат да си ги кажат своите ставови

Сѐ е подготвено за спектаклот на годината: Аргентина и Шпанија вечерва играат за светска титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот