Фото: Орце Ѓорѓиевски, / Фејсбук

ВИДЕО и ФОТО | Билбордот со Букефал со пет нозе е сменет по критиките, Ѓорѓиевски вели дека тоа била „печатена грешка“

„Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, потврдувајќи дека е сменет билбордот кој наиде на разни критики во јавноста.

Ѓорѓиевски во својот пост на Фејсбук вели дека „опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти“.

„Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат! Жално е што поминаа два градоначалнички мандати и никој не го промени знакот ‘Добредојде во Скопје’, кој руиниран стоеше така со години. Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува. И за да нема дилеми, корекцијата градот не го чини ништо и трошоците се на компанијата – изработувач која го постави преку ЈП ‘Улици и патишта’“, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

Инаку, голем дел од јавноста, стручните луѓе и опозицијата реагираа на содржината на првичниот билборд, која беше направена со вештачка интелигенција.

„Букефал има пет нозе. Камениот мост е растегнат до бескрај и опремен со барем четири аркови повеќе од реалното. Скопското Кале е заменето со непозната тврдина. Александар Македонски носи капа како некаков бег. Наместо автентична црква, се појавува изобличена варијанта на белградската „Свети Сава“. Околу нив се распоредени и дополнителни архитектонски измислици“, реагираa од Левица.

Воедно, опозициската партија реагираа дека на билбордот нема трага од специфичниот урбан идентитет на Скопје, исчезнат е модернистичкиот и бруталистичкиот слој, ниту се гледа наследството создадено по катастрофалниот земјотрес, ниту Скопје како град на светската солидарност.

Скопје претставено со Букефал со пет нозе и црква „Свети Сава“ — Левица го исмева билбордот што го постави градоначалникот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот