Надвозник Фото: Фејсбук

Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ исчезна од влезот на градот

Само еден ден траеше билбордот со кој скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на посетителите им посакуваше „Добредојдовте во Скопје“.

По реакциите на јавноста на социјалните мрежи, билбордот денеска е тргнат.

На социјалните мрежи следуваа жестоки критики дека е употребена вештачка интелигенција, објектите не се реално прикажани и дека има еден куп грешки во симболите на Скопје.

Соо жестоки реакции излегоа од Левица, но и потпретседателот на ДУИ Бујар Османи.

И Османи реагра на билбордот „Добредојдовте во Скопје“: Едностран е, му недостасува албански јазик

Граѓани денеска информираат дека билбордот е веќе отстранет,а  од Град Скопје немаше никаква информација ниту за тоа  кој го изработил билбордот, ниту кој го отстранил и зошто.

Скопје претставено со Букефал со пет нозе и црква „Свети Сава“ — Левица го исмева билбордот што го постави градоначалникот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот