Меси/EPA/WILL OLIVER/Јамал/EPA/SAM WASSON

Де Ла Фуенте и Скалони ги избраа стартните состави за големото финале

Нешто повеќе од еден час пред почетокот на финалето на Светското првенство, објавени се стартните состави на Шпанија и Аргентина за најважниот натпревар на турнирот.

И двајцата селектори се одлучија за очекувани решенија, без поголеми изненадувања, доверувајќи им место во почетниот состав на фудбалерите кои имаа најзначајна улога во текот на шампионатот.

Во аргентинскиот табор повторно нема место за Лаутаро Мартинез, иако токму тој беше херој во полуфиналето против Англија со победничкиот гол во самиот финиш. Селекторот и овојпат му даде предност на Хулијан Алварез во нападот.

Стартни состави:

Шпанија (4-3-3): Симон; Поро, Кубарси, Лапорт, Кукуреља; Родри, Руиз, Олмо; Баена, Ојарзабал, Јамал.

Аргентина (4-4-2): Мартинез; Молина, Ромеро, Лисандро Мартинез, Таљафико; Де Пол, Мекалистер, Енцо Фернандез, Нико Гонзалез; Меси, Алварез.

Финалниот натпревар меѓу Шпанија и Аргентина започнува во 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот