Фото: EPA/PETER SCHNEIDER

Маѓар ја кани кралицата на шахот, Јудит Полгар, да стане претседателка на Унгарија

Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека ќе ја повика Јудит Полгар, која важи за најдобрата шахистка на сите времиња, да ја преземе претежно церемонијалната функција претседателка на Унгарија, објави „Ројтерс“.

Маѓар во објава на Фејсбук напиша дека 49-годишната Полгар би можела да го претставува единството на нацијата и дека денеска ќе се сретне со неа и ќе ја праша дали би ја прифатила номинацијата.

„Утре ќе се сретнам со неа и ќе ја прашам дали е подготвена да ѝ служи на нашата земја во нова улога, до усвојувањето на новиот устав. Името на Јудит Полгар со децении е синоним за талент и истрајност“, напиша Маѓар на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Потегот доаѓа еден ден откако претседателот Тамаш Шуљок потпиша уставен амандман, усвоен од владејачката партија Тиса на Маѓар, со кој му завршува мандатот како шеф на државата.

Законските измени се дел од настојувањата на Маѓар да ги разгради центрите на моќ што ги воспостави поранешниот премиер Виктор Орбан. Маѓар тврди дека за тоа добил силен мандат од гласачите, откако убедливо го порази десничарскиот лидер на изборите во април.

Парламентот, во кој партијата на Маѓар има двотретинско мнозинство, што ѝ овозможува да менува закони, ќе избере нов претседател. Тој ќе остане на функцијата до стапувањето во сила на планираниот нов устав, но најмногу пет години.

Унгарскиот претседател си потпиша сопствена смена

Најталентираната шахистка во историјата

Јудит Полгар, нејзините две сестри Жужа, позната и како Сузан, и Жофија, како и Илдико Мадл, ја освоија Шаховската олимпијада во 1988 година како членки на женската репрезентација на Унгарија, со што ја прекинаа советската доминација.

Полгар настапуваше на турнири против мажи и стана една од најдобрите шахистки во спорт во кој доминираат мажите. Таа се смета за најталентираната жена што некогаш играла шах и е единствената шахистка што ја надминала границата од 2.700 рејтинг-поени, која многумина ја сметаат за праг за статус „супервелемајстор“.

Во февруари на „Нетфликс“ беше објавен документарниот филм „Кралицата на шахот“, посветен на Полгар.

Украинскиот министер Сибиха за муабетите на Сијарто со Русите: „Ова е гнасно и срамно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот