Бујар Османи - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Бујар Османи / Фото Слободен печат / Методи Здравев

И Османи реагра на билбордот „Добредојдовте во Скопје“: Едностран е, му недостасува албански јазик

„Ова е неприфатливо исклучување на суштинскиот дел од историјата, културата и реалноста на Скопје денес.

Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи жестоко реагира на новиот билборд „Добредојдовте во Скопје“, кој пред два дена го  постави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Ракција и критика за билбордот имаше и од Левица.
„На билбордот со кој Скопје ги пречекува посетителите целосно му недостасува албански јазик, иако главниот град е двојазичен и неговиот идентитет со векови го градат различни етнички, културни и верски заедници“, пишува на Фејсбук Османи.
Тој посочува дека на обележјето се прикажани Крстот на Водно и споменикот на Букефал, додека, според него, изоставени се Старата скопска чаршија, Скопското Кале, џамиите и симболите што го претставуваат албанското, исламското и османлиското наследство на градот.
„Ова е неприфатливо исклучување на суштинскиот дел од историјата, културата и реалноста на Скопје денес. Градските власти веднаш треба да го отстранат билбордот“, напиша Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот