Максим Димитриевски-градоначалник на Куманово / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Димитриевски: Секоја одлука за преименување улици спротивна на законот е ништовна

Претседателот на Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски од Тетово со порака политичките субјекти да ги почитуваат законите и уставните норми, во однос на прашањето и процесот за преименување на улици кој го води Општина Тетово.

На новинарско прашање каков став има партијата со оглед на учеството во Владата, тој посочи дека Движење ЗНАМ  се темели на АСНОМ и е против секој спротивен процес.

-Нашиот став од првиот момент е јасен, ЗНАМ и основните вредности на ЗНАМ како политичка партија се темели на Крушевскиот манифест и АСНОМ-ските заложби и заклучоци и секако дека ние сме против вакви појави. Впрочем, редефинирањето на улиците и изградба на спомен обележја во Македонија е дефинирано со закон. Секој еден којшто го прекршува закони ќе донесе незаконски акт истиот е ништовен. Без разлика дали мнозинството во советот и е за или против сепак си постои законска постапка којашто е предвидена и сите одлуки коишто ќе бидат донесени на советот на општината доколку се во спротивност со уставот и законот се ништовни -истакна Димитриевски од Тетово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот