Фото: Zaporizhzhia Oblast Military Administration

ФОТО | Русија го нападнаа Запорожје — тројца луѓе загинаа и десетици се повредени, меѓу кои и деца

Тројца загинаа, а 33 се повредени, меѓу кои и пет деца, во вечерашниот руски напад со воздушни бомби врз Запорожје во Украина, пренесува Украинска правда.

„Во нападот е предизвикано значително оштетување на станбена населба. Тешко е оштетена петкатница, а е забележан и удар во близина на деветкатница“, изјави Иван Федоров, началник на Воената управа на Запорошката област.

Руските наведувани воздушни бомби уништиле два ката од петкатната зграда и ги оштетиле прозорците и балконите на деветкатницата. Во станбената населба има материјална штета, а во пожар е зафатен и терминал на логистичка компанија.

Прво имало евидентирани двајца загинати, но спасувачите подоцна извлекле тело и на жена од под урнатините.

Фото: Zaporizhzhia Oblast Military Administration

Руските сили претходно утрото со дронови го нападнааа градот Изјум во Харковската област, при што биле повредени 20 лица, меѓу кои и едногодишно дете.

Во нападот врз Изјум биле оштетени пет станбени згради и 20 возила.

Во текот на ноќта на 18 кон 19 јули Русија изврши еден од најголемите балистички ракетни напади врз Киев. Еден човек загина, а 16 беа повредени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили лансирале повеќе од 40 ракети од различен тип врз Украина, од кои повеќето биле насочени кон Киев, како и 120 ударни дронови.

Инаку, Украина денес нападна магацини за нафта во југот на Русија. Нападите кон руската нафтена индустрија предизвикаа неколку големи пожари.

Гувернерот на Ставропол, Владимир Владимиров, потврди дека имало неколку пожари и експлозии во индустриските објекти и рече дека нема извештаи за повредени.

Гувернерот не ги именуваше погодените згради, но рече дека делумно е прогласена вонредна состојба. Зградите беа евакуирани, а жителите беа преместени на безбедно место.

„Ќе продолжиме со нашата реакција на руските напади на целосно оправдан и прецизен начин“, рече Зеленски, додавајќи дека цел биле и танкери на руската тајна флота во Црното Море.

Украина нападна магацини за нафта на југот на Русија, избувнаа големи пожари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот