Супермаркет/Фото: EPA-EFE/ISAAC FONTANA

Синдикалната кошница во јули: на семејство му требаат 68.498 денари, а со кирија сумата надминува 83 илјади

 Минималните месечни трошоци за едно семејство во јули изнесуваат 68.498 денари, покажуваат податоците од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според ССМ, синдикалната минимална кошница е намалена за 156 денари во однос на истиот месец минатата година.

Доколку семејството живее во изнајмен стан со површина од 60 квадратни метри, потребната сума значително се зголемува и достигнува 83.873 денари месечно.

Најголем дел од семејниот буџет повторно се троши за основни потреби. За храна и пијалаци во јули се потребни 25.012 денари, што останува најголемата ставка во минималните трошоци. Податоците на ССМ покажуваат дека и покрај малото намалување во однос на минатата година, трошоците за живот и понатаму остануваат голем предизвик за голем број семејства.

Мартовската синдикална кошница е поскапа за 436 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот