Скопје беше домаќин на првиот ВИ-форум за бизнис лидери

Основачи, извршни директори, членови на управни одбори и бизнис лидери од ИТ-секторот во Северна Македонија се собраа во Château Kamnik на Crazy for AI: Executive Edition првиот форум од ваков тип во земјата, посветен на влијанието на вештачката интелигенција врз лидерството, бизнисот и иднината на домашната технолошка индустрија.

Настанот, организиран од CrazyLabs под мотото „AI for Leaders by Leaders”, (или Вештачка интелигенција од лидерите за лидерите), ги обедини присутните со цел да споделат свои лични искуства и идни планови во времето на најголемата технолошка револуција предизвикана од вештачката интелигенција. Вечерта ја отвори Министерот за Дигитална Трансформација, Стефан Андоновски, нагласувајќи дека подготвеноста за вештачка интелигенција станува прашање од национално значење.

Програмата вклучуваше главно излагање на извршниот директор на CrazyLabs, Sagi Schliesser, Горан Стојановски, ко-основач на Public Cloud Group (PCG) и панел-дискусија модерирана од Гораст Цветковски од Македонската асоцијација за развивање игри, и панелистите Дамјан Дано, основач на Aqtos.com; универзитетскиот проф. Д-р Димитар Трајанов; Наташа Тодова, оперативен директор на Лока; и организаторот Sagi Schliesser.

Во фокус беше разликата меѓу ентузијазмот за AI и реалната примена, потребата за премин од економија заснована на употреба на надворешни алатки кон развој на сопствени продукти и создавање кадар способен да дизајнира и развива системи базирани на вештачка интелигенција.

Главната порака беше јасна: пристапот до AI-алатките повеќе не е најголемиот предизвик. Вистинската трансформација бара промени во организациската култура, образованието и начинот на кој технолошките компании создаваат вредност и се натпреваруваат.

Настанот заврши со квалитетно вино и неформално вмрежување, размена на идеи и предизвици на лидерите и дискусија која веруваме дополнително ќе се продлабочува во следниот период под покровителство на CrazyLabs.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот