Жена во маркет, потрошувачка кошничка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мартовската синдикална кошница е поскапа за 436 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за март изнесува 67.818 денари, пресмета Сојузот на синдикати. Споредена со вредноста на кошницата за февруари која изнесува 67.382 денари, тоа е зголемување за 436 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, мартовската кошница се зголемува на 83.193 денари.

„Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326 денари“, велат од ССМ.

Структура на новата СMK за месец март 2026 година

Месечно по домаќинство

Структура во проценти

01 Храна и пијалаци

25.292

37,3

02 Облека и обувки

6.024

8,9

03 Станарина, вода, електрична енергија, и греење

6.338

9,3

04 Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот

2.682

4,0

05 Здравје

1.185

1,7

06 Транспорт

4.865

7,2

07 Комуникации

3.417

5,0

08 Рекреација и култура

5.592

8,2

09 Образование

7.192

10,6

10 Ресторани и хотели

4.131

6,1

11 Останати стоки и услуги

1.100

1,6

Вкупно СМК

67.818

100,0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот