Седма ноќ на американските напади врз Иран
Во седмата ноќ од американските напади врз Иран, Техеран тврди дека танкери експлодирале во близина на Ормусскиот теснец
Американската војска изврши нови напади врз Иран синоќа откако претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп прогласи дека привремениот договор за прекин на огнот е „завршен“, објави Ројтерс.
Препорачано
Централната команда на САД (Centcom) соопшти на мрежата X дека американските сили „нападнале места за надзор, воена логистичка инфраструктура, подземни складишта за оружје и поморски објекти“. Тоа беше седмата ноќ од нови бранови напади врз Иран, во кои, според иранските претставници, десетици беа убиени, а стотици беа ранети.
Иранската војска тврдеше дека два танкери за нафта експлодирале и се запалиле додека се обидувале да поминат низ миниран пат во Ормускиот теснец. Војската не даде дополнителни детали, но САД го негираа извештајот.
„Тоа е лажно“, соопшти американската Централна команда на социјалните медиуми.
Би-Би-Си објави дека јорданската војска соопштила дека пресретнала 10 ирански ракети испукани во јорданскиот воздушен простор преку ноќ.


