Фото: илустрација / Архива

Граѓаните на Гостивар бараат одговор – што ја предизвика состојбата на над 1.200 заболени?

Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост кај жителите, откако повеќе од 1.200 лица, меѓу кои и деца, побарале медицинска помош поради стомачни тегоби и симптоми на труење.

Иако официјалните податоци го покажуваат овој број, дел од граѓаните преку социјалните мрежи тврдат дека реалната бројка може да биде значително поголема. Тие посочуваат дека во многу семејства има членови со слични симптоми и бараат итно утврдување на причината.

Надлежните институции сè уште ги очекуваат резултатите од лабораториските анализи, а во меѓувреме е издадена препорака водата од градскиот водовод да не се користи за пиење и подготовка на храна.

Градоначалникот на Гостивар и раководството на јавното претпријатие за водовод и канализација велат дека засега нема потврдени докази дека водата е изворот на инфекциите. Сепак, неизвесноста и различните информации дополнително ја зголемуваат загриженоста кај населението.

На социјалните мрежи се споделуваат бројни реакции од граѓани кои бараат транспарентност и брзи одговори. Дел од нив поставуваат прашања како е можно толкав број лица во краток период да имаат исти симптоми и бараат одговорност доколку се утврди пропуст.

Додека се чекаат официјалните резултати, граѓаните се повикуваат да ги почитуваат препораките на институциите, да избегнуваат користење на водата од водоводот за пиење и подготовка на храна и редовно да се информираат од официјални извори. Денес е најавена и посета на министерот за здравство Сашо Клековски кој ќе замине во Гостивар за да ја следи состојбата на терен по појавата на зголемен број граѓани со стомачни тегоби и симптоми на труење.

ВИДЕО | Водата во Гостивар е кафена, експертите велат дека е направено свесно кривично дело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот