Фото: СДСМ

СДСМ: Извештајот на Европската комисија потврдува дека има притисоци врз судството

СДСМ денеска реагираше на најновиот Извештај за владеење на правото на Европската комисија, оценувајќи дека тој ги потврдува нивните претходни предупредувања за состојбите во правосудниот систем.

Од партијата тврдат дека во извештајот се нотираат проблеми поврзани со независноста на судството, влијанија врз работата на судиите и обвинителите и ризици од неказнивост.

-Европската комисија јасно укажува на слабостите во владеењето на правото и потребата од обезбедување целосно независен правосуден систем- наведуваат од СДСМ.

Опозициската партија оценува дека измените на Кривичниот законик и начинот на кој функционираат институциите создаваат услови за намалена одговорност за корупција и политичко влијание врз правосудството.

Од СДСМ го повикаа владејачкото мнозинство да ги спроведе реформите што ги бара Европската унија и да обезбеди независност на судството и обвинителството. Според нив, напредокот на земјата кон ЕУ е директно поврзан со исполнувањето на стандардите за владеење на правото.

Се разгледува нов механизам за пробив на патот кон ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот