ВМРО-ДПМНЕ и за труењето во Гостивар го обвини СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, е одговорен за масовното труење во Гостивар, каде 1.200 луѓе последниве денови побарале помош од лекар поради стомачна инфекција, за која МВР и Обвинителството се сомневаат дека дошла од водата за пиење во градот. Поради тоа што Лимани на локалните избори доби поддршка од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, од ВМРО-ДПМНЕ за случајот гледаат одговорност и кај СДСМ и кај неговиот лидер, Венко Филипче.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот во Гостивар, според ВМРО-ДПМНЕ е последица на, како што наведуваат, несовесно и неодговорно работење на локалната власт и јавното претпријатие „Водовод“. Општинските власти не успеале да им обезбедат на граѓаните безбедна вода за пиење, велат од владејачката партија и бараат целосно расчистување на случајот и утврдување одговорност за сите вмешани.
Се јави градоначалникот на Гостивар Лимани, вели дека нема доказ оти водата отрула 1.200 луѓе


