Фото: илустрација / Дејан Проданоски / Фејсбук

Денеска имало 12 пожари на отворено низ Македонија

Во текот на денешниот ден, заклучно со 18:00 часот, во државата се регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои активен е само еден, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во Општина Кочани, кај селото Рајчани, во близина на црквата „Света Троица“, каде што гори ниска вегетација.

Во меѓувреме, изгаснати се 11 пожари. Интервенции имало во Струмица кај селото Добрејци, Кратово кај селото Железница, Ново Село кај селото Бајково, Струга кај селото Делогожда, Велес кај гробиштата на црквата „Свети Спас“, Тетово кај селото Фалише, Желино кај селото Требош, Врапчиште, Куманово кај селото Ново Село, Арачиново кај селото Грушино и во Општина Илинден, на Ајватовски Пат.

Во овие пожари гореле ниска вегетација, стрништа, депонија, ѓубре и шумски појаси. Според ЦУК, сите се успешно локализирани и изгаснати.

Уапсени двајца за пожарот кај Рампа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот