Фото: Screenshot

ВИДЕО | Eве зошто ВАР е корисен: со контроверзна судиска одлука и бизарен пенал беа елиминирани од Европа

Екипата на Хамрун ги заврши настапите во европските квалификации по поразот од НСИ Рунавик со 2:1, но резултатот остана во сенка на една неверојатна судиска грешка која предизвика бурни реакции и брзо се прошири на социјалните мрежи.

Во самиот финиш од натпреварот главниот судија досуди пенал за гостинскиот тим, иако топката претходно очигледно беше излезена надвор од теренот преку гол-аут линијата.

Фудбалерите на Хамрун веќе се подготвуваа да го изведат гол-аутот, а еден од нив ја допре топката со раце, уверен дека играта е прекината. Сепак, арбитрот не забележал дека топката ја минала линијата и сметајќи дека играта сè уште трае, покажа на белата точка поради играње со рака. Играчите на НСИ Рунавик не ја пропуштија можноста и го реализираа пеналот за победа.

Со триумфот од 2:1, претставникот на Фарските Острови обезбеди пласман во следната рунда со вкупни 3:2, додека Хамрун беше елиминиран по една од најконтроверзните судиски одлуки на почетокот од овогодишните европски квалификации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот