ВИДЕО | Сите славеа, само Скалони остана мирен: реакцијата што го обиколи светот по голот вреден финале
Аргентина со голем пресврт ја совлада Англија со 2-1 и се пласираше во финалето на Светското првенство, но по последниот свиреж вниманието не беше насочено само кон хероите на теренот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Англичаните поведоа преку Ентони Гордон, но актуелниот светски шампион возврати со головите на Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез, кој го постигна победничкиот погодок по одличната акција што ја започна Лионел Меси.
Додека аргентинските фудбалери, стручниот штаб и навивачите еуфорично го славеа пресвртот, камерите уловија сосема поинаква реакција од селекторот Лионел Скалони.
Es simplemente maravillosa esta escena. pic.twitter.com/gKIdte84ky
— Lady Market (@ladymarketok) July 16, 2026
Наместо да скокне од клупата, Скалони остана мирно да седи, без речиси никаква емоција, внимателно следејќи што се случува на теренот и покрај тоа што неговата репрезентација беше на чекор до финалето.
Ова не е првпат аргентинскиот селектор да реагира на ваков начин. Истото го направи и на Светското првенство во Катар во 2022 година, кога емоциите ги покажа дури по последниот судиски свиреж. Неговата филозофија е да остане максимално концентриран сè додека натпреварот не заврши, без разлика на резултатот.
Токму затоа и оваа негова смиреност по победничкиот гол повторно стана хит на социјалните мрежи и уште еднаш покажа зошто многумина го сметаат за еден од најсталожените селектори во светскиот фудбал.
Големите пожари во Канада го замаглија Њујорк пред мундијалското финале
ВИДЕО | Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на Мундијалот
Лаутаро во солзи по херојскиот гол против Англија: „Го сонував ова“


