Швајцарија/Swiss Nati Men - FB

Швајцарија го избра стадионот на кој ќе игра против Македонија, последен пат таму загубила во 2012 година

Фудбалската репрезентација на Македонија на 6 октомври ќе гостува кај Швајцарија во натпревар од Лигата на нации, а домаќините веќе го одредија местото на одигрување на дуелот.

Швајцарската селекција ќе ја пречека Македонија на стадионот во Луцерн, кој располага со капацитет од 16.800 гледачи.

На овој стадион Швајцарија последен пат настапи како домаќин пред две години, кога убедливо ја совлада Естонија со 4:0. Воедно, Луцерн важи за еден од нивните најуспешни терени, бидејќи единствениот пораз таму го доживеале во 2012 година, кога Романија славеше како гостин.

Македонската репрезентација ја очекува сериозен предизвик во новото издание на Лигата на нации. Покрај Швајцарија, во групата се наоѓаат и селекциите на Шкотска и Словенија.

Избраниците на македонскиот селектор Гоце Седлоски ќе гостуваат и во Глазгов против Шкотска, како и во Љубљана, каде што ќе се соочат со репрезентацијата на Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот