Мундијалски дрес на Пеле продаден за речиси пет милиони долари, но Марадона остана далеку пред него
Дресот што легендарниот бразилски фудбалер Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година во Шведска е продаден на аукција за 4,88 милиони долари.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во историското финале Бразил ја совлада Шведска со 5:2, а тогаш само 17-годишниот Пеле постигна два гола и го освои првото од своите три светски шампионски трофеи. По натпреварот, Пеле му го подари дресот на својот соиграч Диди, кој подоцна го донирал во Музејот на спортот во Рио де Жанеиро.
„Овој дрес не е само потсетник на еден од најзначајните моменти во историјата на фудбалот, туку и симбол на натпреварот што го претвори Пеле во светска спортска икона“, изјави Брендан Хокс.
И покрај високата цена, дресот на Пеле не е најскапо продадениот фудбалски дрес во историјата. Тој рекорд и натаму го држи дресот што Диего Марадона го носеше во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година против Англија, кој беше продаден за 9,2 милиони долари.
Апсолутен рекорд меѓу сите спортски сувенири од овој тип, сепак, го има дресот на бејзбол легендата Бејб Рут, кој го носеше за време на Светската серија во 1932 година. Тој во 2024 година беше продаден за неверојатни 24,1 милион долари.
ВИДЕО | Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на Мундијалот
Лаутаро во солзи по херојскиот гол против Англија: „Го сонував ова“
Претседателот на Аргентина поради суеверие нема да го гледа финалето во живо


