Бренда Фрикер со Меколи Калкин во филмот „Сам дома2“/Фото: - / United Archives / Profimedia

Почина Бренда Фрикер, жената со гулабите од „Сам дома 2“

Ирската актерка Бренда Фрикер, која глумеше во „Сам дома 2“ и „Моето лево стапало“, почина на 81 година, една година откако откри дека била „закована за креветот“.

Меѓу многуте улоги што ги играше Фрикер, таа ќе биде најдобро запаметена како жената со гулабите во култниот филм од 1992 година „Сам дома 2“, со Меколи Калкин.

Во филмскиот хит, таа игра осамена, повлечена бездомничка во Централ парк опкружена со гулабите, која се спријателува со малиот Кевин Мекалистер, кој го глуми Меколи.

Веста за нејзината смрт доаѓа една година откако Бренда даде ретко интервју и рече дека била „закована за креветот“ во Даблин, Ирска, по период на лошо здравје.

Бренда, која ја освои наградата Оскар за најдобра споредна женска улога во„Моето лево стапало“ во 1990 година, отворено зборуваше за своите здравствени проблеми.

Таа раскажа како секој ден чувствувала болки и дека останувала без здив од самото зборување.

Бренда рекла: „Умирам од ужасна смрт. Едноставно умирам – секој ден во болки. Веројатно ќе живеам до 100 години“.

Таа рекла дека кога не може да спие, ја гледа „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, додавајќи: „Подобро е од секс. Подобро е од опивање. Едноставно тоа го обожавам“.

ВИДЕО | Почина актерката Кетрин О’Хара, мајката на Кевин од „Сам дома“

Меколи Калкин и неговата сопруга го користат филмот „Сам дома“ за воспитување на синовите: „Ги учиме за опасностите од странци“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот