Кетрин О'Хара / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Почина актерката Кетрин О’Хара, мајката на Кевин од „Сам дома“

Актерката Кетрин О’Хара, позната и како мајката на Кевин од филмот „Сам дома“ (Home Alone), почина денеска на 71 година. Таа е позната по улогите во серијата „Добре дојдовте во Шитс Крик“ (Schitt’s Creek), филмовите „Сам дома“ и „Најдобар на изложбата“ (Best in Show). Веста ја потврдија извори за Ти-ем-зи, а причината за смртта не е објавена.

О’Хара стана светски позната со улогата на мајката на Кевин, кого го играше Меколи Калкин во двата филма „Сам дома“. Публиката ја обожуваше и по улогата на ексцентричната Моира Роуз во сите 80 епизоди на серијата „Добре дојдовте во Шитс Крик“ . Нејзиниот комичарски талент се истакна и во хит-документарците на Кристофер Гест, како „Најдобар на изложбата“ (2000) и „Моќен ветер“ (A Mighty Wind) (2003).

Најновата нејзина улога беше со Сет Роген во серијата „Студиото“ (The Studio) на Епл ТВ, за која доби номинација за Еми. Еми награда освои за настапот во „Добре дојдовте во Шитс Крик“ во 2020 година, по првата Еми која ја освои уште во 1982 за својот сценариски придонес во телевизиската скеч-комична серија „Телевизија Вториот град“ (Second City Television).

Кетрин е родена и израснала во Торонто како шесто од седум деца. Со сопругот, сценографот Бо Велч, се запозна на снимањето на филмот „Битлџус“ во 1988 година. Се венчаа во 1992 година и имаат два сина, Метју и Лукас.

О’Хара последен пат беше видена во јавноста почетокот на 2024 година, кога кратко зборуваше за улогата по која би сакала да остане запаметена, без да претпостави дека тоа ќе биде едно од нејзините последни појавувања пред камерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот