Градинка клон на „Калинка“ во село Брајковци, фото Министерство за труд и социјална политика
Градинка клон на „Калинка“ во село Брајковци, фото Министерство за труд и социјална политика

Шест деца од градинката „Калинка“ во Брајковци вчера ручале макарони со месо, па завршиле во болница на инфузија

Шест деца кои вчера ручале макарони со месо во клонот на градинката „Калинка“ во селото Брајковци, потоа завршиле во општата болница Гевгелија, потврди за „Слободен печат“ директорот на болницата доктор Патрик Матх.

-Шест деца од истата градинка, вчера околу 17-18 часот попладне се донесени кај нас на детското одделение. Петте преноќиле во болницата, па се пуштени дома, откако примиле инфузија и се во добра состојба. Шестото е донесено подоцна, прима инфузија уште. Сите се од една градинка. Јаделе месо со макарони. На вкус храната била добра. Инспекторатот од Скопје зел брисови од секаде, од кујната, од храната. Настанот се случил вчера, симптомите ги пројавиле во градинката, вработените им рекле на родителите да ги земат децата дома, но симптомите повраќање и дијареја не престанувале – вели директорот на гевгелиската болница за „Слободен печат“.

„Слободен печат“ доби информација која не успеавме да ја потврдиме, дека готвачите во оваа градинка биле на одмор, а храната наводно ја подготвувале хигиеничарките. Ниту докторката Мери Гичева од ЦЈЗ Струмица, ниту директорката на детската градинка Гордана Кочева за „Слободен печат“ не сакаа да дадат никаква информација иако беа уредно побарани, под изговор дека имаат многу работа, бидејќи во моментов во градинката има инспекција.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот