Мухарем Хекали Фото: Wigan and Leigh Police - GMP

Албанец доби осум години затвор во Британија за „дилање“ кокаин вреден два милиони евра

Суд во Велика Британија во средата осуди албански државјанин на осум години затвор, откако признал дека предводел организирана криминална група која тргувала со кокаин, објави „Албанијан њуз дејли“.

Мухарем Хекали, на 28-годишна возраст, бил осуден во Кралскиот суд во Болтон за заговор за снабдување со дрога од класа А, поседување кокаин со намера за продажба и за поседување имот стекнат со криминал.

Според истражителите, случајот започнал во септември 2025 година, кога полицијата извршила претрес во објект во англискиот град Атертон и открила импровизирана лабораторија за обработка и за пакување кокаин.

Полицијата запленила стотици пакувања кокаин, електронски ваги, повеќе од 9.000 фунти во готовина и документи со детали за начинот на кој групата ја дистрибуирала дрогата.

Подоцнежната анализа на мобилните телефони открила дека Хекали ја раководел криминалната операција, координирајќи ги снабдувачите со дрога и уличните дилери.

Полицијата го уапсила во февруари 2026 година, а во неговиот дом пронашла дополнителни 850 грама кокаин и 5.000 фунти во готовина.

Групата во текот на своето дејствување произвела повеќе од 53.000 поединечни дози кокаин со вредност од 1,67 милиони фунти, односно 1.9 милиони евра.

Двајца соработници на Хекали, Николаос Ѓусуфидис и Христос Компос, исто така биле осудени во рамки на истрагата.

Двајцата во април добиле затворски казни од по три и пол години за нивната улога во криминалната мрежа.

Во Ирска запленет кокаин вреден 10,5 милиони евра, припаѓал на албанска криминална банда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот