Новиот министер за култура извади албанско знаме на средба со амбасадор, ама го крие на „Фејсбук“
Новиот министер за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска се сретнал со австрискиот амбасадор во Македонија, Мартин Памер, а Министерството за средбата извести на социјалните мрежи. Во објавата со фотографии од средбата можеше да се забележи и една на која се гледа дека пред министерот има и знаменце на Албанија, што е спротивно на законските прописи со кои се уредува користењето на знамињата на етничките заедници во земјава.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Фотографијата на која се гледаше албанското знаме ја презедоа и ја објавија неколку медиуми, назначувајќи ја како извор официјалната фејсбук-страница на министерството. Но, конкретната фотографија (насловната во оваа вест) сега ја нема меѓу петте кои се достапни во објавата, а на ниту една од нив знамето не може да се забележи и се добива впечаток како тоа да не е случајно.

Според важечките законски прописи, во органите на централната власт не се истакнуваат знамиња на етничките заедници. Тоа е ограничено на општините, односно единиците на локалната самоуправа, под јасно определени услови. Истакнувањето на знаме на одредена заедница е предвидено само во општините во кои припадниците на таа заедница сочинуваат над 50% од населението (или во случаи со над 20% каде советот на општината донел таква одлука). Таму тоа се поставува пред и во објектите на локалната самоуправа.


