Девојче со телефон / Фото: Jelena Vujic / Alamy / Alamy / Profimedia

Трендот на забрани продолжува — и Јужна Кореја планира да ги „исече“ социјалните мрежи за деца под 14 години

По Австралија, Индонезија и голем дел од европските земји, сега и Јужна Кореја планира да го забрани користењето на социјалните мрежи за деца под 14 години, пренесува Анадолу.

Претседателот на Комисијата за медиуми и комуникации на Јужна Кореја, Ким Џонг-чеол, денес изјави дека надзорниот орган „во фази го разгледува планот за ограничување на мрежите за деца под 14 години“.

„Ограничувањето е во однос на креирањето профили на социјалните мрежи, како и ограничување на изложеноста на дизајни и алгоритми што би можеле да поттикнат прекумерна употреба на такви платформи за тинејџери на возраст од 14 до 19 години“, посочи тој.

На брифингот во Претседателската палата, Чеонг Ва Дае, Ким рече дека прекумерната употреба на социјални мрежи кај тинејџерите е „глобален проблем“.

„Постојат околу седум поврзани законски акти предложени во Националното собрание“, додаде тој.

Сепак, претседателот повика на претпазливост, повикувајќи се на Законот за затворање од 2011 година, со кој на децата под 16 години им беше забрането да играат онлајн игри во период од полноќ до 6 часот наутро. Тој беше укинат во 2022 година по критиките дека ги крши индивидуалните права и ѝ штети на индустријата за игри.

Овие предлози доаѓаат во период кога неколку земји воведоа или планираат да воведат ограничувања за пристапот на тинејџерите до социјалните мрежи.

Владата на Велика Британија деновиве објави дека ќе воведе стандардни ноќни полициски часови и ќе ја ограничи зависноста од социјални мрежи за лица на возраст од 16 и 17 години.

Европската Унија (ЕУ) соопшти дека по летото ќе поднесе закон за ограничување на пристапот на децата до платформите за социјални мрежи.

На почетокот на оваа година Индонезија започна со спроведување ограничувања за профилите на социјалните мрежи за деца под 16 години.

Австралија е прва земја во светот што во декември 2025 година им забрани на децата под 16 години да имаат профили на социјалните мрежи.

Во Австралија забраната за социјални мрежи не дава резултати — владата дополнително ќе ги заострува законите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот