Фото: МИА

ВИДЕО | Јункер: ЕУ не смее да го занемари Западен Балкан поради Украина

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, оцени дека на Украина не треба да ѝ се даваат конкретни ветувања за прием во Европската Унија и предупреди на опасноста од ставање на земјите од Западен Балкан во неповолна положба.

„Мораме да се осигураме дека нема јаз во емоционалното доживување на ситуацијата, дека ќе кажеме „да“ за приемот на Украина и дека земјите од Западен Балкан ќе продолжат да бидат предмет на правилата за пристапување на ЕУ“, изјави Јункер за германската телевизија Феникс.

Јункер рече дека ниту една од тие земји не ги исполнува условите за прием, нагласувајќи дека ова важи и за Украина, објави денес луксембуршкиот весник Луксембургер Ворт.

„Немам добро мислење за давањето конкретен датум за пристапување на Украина. Како по правило, тоа се враќа како бумеранг“, рече Јункер, кој беше премиер на Луксембург речиси дваесет години пред да ја преземе функцијата во Брисел.

ЕУ не смее да го заобиколи Западен Балкан и да го забрза членството на Украина, вели Маѓар

Тој додаде дека ЕУ мора јасно да ѝ стави до знаење на Украина дека има европска перспектива. Според него, без оглед на моменталните околности, не смее да има никаква премија за Украина и таа мора да ги исполни правилата за пристапување од Копенхаген, а тоа важи и за сите други земји.

Јункер оценува дека Европската Унија мора „ригорозно“ да го следи исполнувањето на условите за пристапување, бидејќи во спротивно може да има „длабоки поделби“ по влезот на кандидат во ЕУ. Зборувајќи од искуство тој ги наведе Романија, Бугарија и Хрватска како примери.

Запрашан за ефикасноста на донесувањето одлуки со консензус во ЕУ во некои политики, Јункер процени дека Брисел ќе мора да се движи во насока на квалификувано, или во некои прашања „суперквалификувано“ мнозинство при донесувањето одлуки.

Мерц предлага „придружно членство“ за Украина и за земјите од Западен Балкан во ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот