петар маѓар

ЕУ не смее да го заобиколи Западен Балкан и да го забрза членството на Украина, вели Маѓар

Унгарскиот премиер, Пeтер Мaѓар, вчера истакна дека забрзано отворање на преговарачките кластери за Украина без одложување би испратило многу негативен сигнал до земјите од Западен Балкан кои веќе се во процес на пристапување, пренесува „Јуропијан Вестерн Балканс“.

„Мислењата се поделени околу членството на Украина во ЕУ. Унгарија се залага за процес заснован на заслуги. Европската унија не смее да ги заобиколи земјите од Западен Балкан, кои со години преговараат, со поинаков процес на проширување, бидејќи тоа не би било ниту чесно, ниту прагматично“, рече Маѓар во изјава за медиумите пред состанокот на Европскиот совет.

Тој исто така ја поздрави постигнатата согласност со Украина во врска со правата на унгарското малцинство во Закарпатје, што овозможи отворање на првиот кластер од преговорите за пристапување на Украина во ЕУ.

„Некои би сакале поинаков процес на пристапување, некои би отвориле сè веднаш, а некои само две поглавја. Унгарија е меѓу земјите-членки што би се движеле побавно. Ќе биде потребен консензус, тешко е да се постигне компромис меѓу 27 земји-членки, но се сеќавам на случаи во минатото кога тоа било можно“, додаде Маѓар.

Маѓар: Будимпешта и Киев постигнаа договор за Унгарците во регинот Закарпатија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот