Фото: Архива

Денеска ќе биде сончево и топло, но попладне може да заврне и да падне град

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови во крајните северозападни делови ќе има услови за појава на слаб локален дожд, грмежи и ретка појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер.

Утринските минимални температури се движат меѓу  8 и 17 степени, а дневните максимални температури ќе достигнат од 25 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот