За нас почна летото, за Јужната полутопка почна зимата
Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути, што значи дека денот ќе трае 15 часа и 14 минути.
Летото во Македонија и на северната хемисфера официјално почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на Јужната полутопка започнува зимата.
Препорачано
Денешниот ден го означува летниот сонцестој, односно астрономскиот почеток на летото. Тоа е денот со најдолга дневна светлина и најкратка ноќ во годината.
Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути, што значи дека денот ќе трае 15 часа и 14 минути.
На првиот ден од летото се очекува сончево и топло време во претпладневните часови.
Попладне, во северозападните делови од земјата, ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 35 степени.
Летото годинава ќе трае до 23 септември во 2:05 минути, кога астрономски ќе започне есента.
Денеска ќе биде сончево и топло, но попладне може да заврне и да падне град
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
25мин
-
47мин
-
52мин
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


