КПУ Затвор во Шутка, Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

На 1 јули започнуваат уписите во Средното полициско училиште

Министерството за внатрешни работи преку Полициската академија ги повикува заинтересираните ученици да се запишат во средното полициско училиште и да станат дел од тимот што се грижи за безбедноста на граѓаните.

Јавниот повик за упис ќе биде официјално објавен по 1 јули 2026 година, а потребната документација ќе се поднесува во Секторите за внатрешни работи (СВР) низ државата.

ФОТО: Промовирана новата генерација полициски службеници, едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци

Право на пријавување имаат македонски државјани кои имаат завршено втора година средно образование, не се постари од 18 години на денот на пријавувањето и се здравствено и психофизички способни.

По 25 години повторно се отвора средното полициско училиште, дипломираните ќе имаат гарантирана работа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот