ВИДЕО | Трамп го претстави новиот „Аир форс 1“: Овој авион е летечка Бела куќа со невидено ниво на луксуз
Трамп го прифати авионот како подарок од Катар во мај 2025 година, што веднаш предизвика политички бура. Опозицијата го обвини за примање поткуп од странска влада, а Демократите го опишаа целиот договор како „очигледна корупција“. Необичниот подарок отвори сериозни правни и етички прашања во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот „Аир форс 1“, кој наскоро треба да стане новиот претседателски авион. Овој авион САД го доби како подарок од Катар, по што имаше големи критики од јавноста, а потоа претседаталот соопшти дека подарениот „Боинг 747“ ќе биде пренаменет и модифициран во нов претседателски авион.
Препорачано

Американската војска ги заврши модификациите на авионот, чија вредност се проценува на 400 милиони долари.
„Овој авион е претворен во летечка Бела куќа, со ниво на луксуз какво што никој досега нема видено“, изјави Трамп во својот говор во воената база Ендрјус.
Trump: It flies further and faster than any Air Force One. You don’t have to stop for fuel every few hours. You maybe will never have to stop a fuel. It’s got, they call it unlimited, well it’s pretty close to unlimited. pic.twitter.com/dXMlAJXhXp
— Acyn (@Acyn) June 19, 2026
Видно воодушевен, Трамп истакна дека новиот авион е „речиси двојно поголем“ од неговиот претходник и дека изгледа уште помоќно на пистата.
„Лета подалеку и побрзо од кој било претходен Аир Форс 1, речиси и никогаш нема да има потреба да застанува за да полни гориво“, додаде тој.
Трамп го прифати авионот како подарок од Катар во мај 2025 година, што веднаш предизвика политички бура. Опозицијата го обвини за примање поткуп од странска влада, а Демократите го опишаа целиот договор како „очигледна корупција“. Необичниот подарок отвори сериозни правни и етички прашања во САД.

Трамп експресно ги отфрли критиките, тврдејќи дека би било глупаво да одбие „бесплатен, екстремно скап авион“ бидејќи со тоа се заштедуваат парите на американските даночни обврзници. Критиките ги отфрлија и катарските власти.
„Ројтерс“: САД го прифатија луксузниот подарок Боинг 747 од Катар
Преуредениот катарски авион веќе е пребоен во црвена, бела и темно сина боја, што е целосно отстапување од препознатливата светло-сина и бела шема на бои која со децении се користеше за Air Force One. Авионот во моментов се наоѓа во хангар во базата Ендрјус во близина на Вашингтон, каде што ќе помине низ пробни летови пред формално да биде додаден во претседателската флота.
🇺🇸🇶🇦 The new Air Force One, gifted to the U.S. from Qatar, has arrived
Writer: Oliverpic.twitter.com/817KykJoNW
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) June 19, 2026
Трамп претходно изрази желба авионот да влезе во официјална употреба по повод 250-годишнината од независноста на САД на 4 јули. Тој откри дека се надева со ова летало да отпатува во Турција на самитот на НАТО во Анкара на почетокот на јули, а планира со него да лета и на средба во Кина.


