Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Вардар ќе одигра четири контролки во седум дена, една против добро познат ривал

Вардар ги продолжува подготовките во Норчија, а до крајот на престојот во Италија македонскиот шампион ќе одигра уште четири контролни натпревари како дел од подготовките за новата сезона и европските квалификации.

„Црвено-црните“ досега запишаа две победи на пријателските средби, а следниот тест ги очекува на 23 јуни против селекцијата на Умбрија. Два дена подоцна избраниците на Фабијани ќе се соочат со Норчија Калчо, додека на 27 јуни ќе ги одмерат силите со Ла Фиорита.

Последната проверка пред почетокот на европските настапи е предвидена за 30 јуни, кога Вардар ќе се сретне со Виртус во генералната проба пред двомечот со Купс во квалификациите за Лигата на шампионите.

Ла Фиорита е добро познат ривал за вардарци од минатата сезона. Двата тима се сретнаа во првото квалификациско коло од Конференциската лига, кога скопскиот клуб одигра 2-2 на гостински терен, а потоа со убедлив триумф од 3-0 пред своите навивачи го завери пласманот во следната рунда.

ФОТО | Вардар во Норчија ги продолжува подготовките за европската битка со Купс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот