Јапонците живеат подолго и немаат проблем со килограмите — овие пет намирници ги јадат секој ден
Од ферментирана храна и мрсна риба до правилото од масата да се станува пред да целосна ситост, јапонските навики во исхраната со децении се поврзуваат со долговечноста, помалиот ризик од болести и подоброто дигестивно здравје.
Препорачано
Јапонија со години е меѓу земјите со најдолг очекуван животен век, а експертите веруваат дека причината не е само генетиката. Важна улога играат навиките во исхраната што се пренесуваат низ генерациите, од редовното консумирање ферментирана храна и риба до поумерени порции и посвесен пристап кон оброците.
Посебно внимание привлекува Окинава, една од светски познатите „сини зони“, област каде што живеат исклучително голем број стогодишници. Експертите кои го проучуваат здравото стареење истакнуваат дека јапонското мени се базира на разновидна и хранливо богата храна што го поддржува здравјето на цревата, срцето и метаболизмот.
Намирници што се дел од секојдневниот живот
Ферментираната храна е неопходен дел од јапонската исхрана. Мисо пастата, закиселениот зеленчук и другите ферментирани производи се богати со пробиотици кои придонесуваат за рамнотежа на цревната микробиота и правилно функционирање на системот за варење. Меѓу намирниците кои често се поврзуваат со здравјето и долговечноста се наоѓа и ферментираната зелка. Освен пробиотици, таа содржи витамин Ц и други антиоксиданти и често се препорачува како додаток на главните оброци.
На јапонските трпези редовно се наоѓа и мисо супата, подготвена од ферментирана соја. Благодарение на пробиотиците, протеините, како и минералите и витамините, се смета за еден од заштитните знаци на традиционалната исхрана. Помалку познат надвор од Јапонија е кузу, скроб добиен од коренот на растението куџу. Најчесто се користи за згуснување на супите и сосовите, а се поврзува со корисносниот ефект на варењето и регулирањето на шеќерот во крвта.
Тука е и умебоши, ферментиран производ од јапонската слива уме, која традиционално се консумира во мали количини како додаток во оброкот. Јапонците често посегнуваат и по чајот кукича, кој се подготвува од гранчињата на чајното дрво. Содржи помалку кофеин од повеќето други чаеви, а богат е со антиоксиданти и минерали.
Не станува збор само за храната
Сепак, експертите предупредуваат дека тајната на долговечноста на Јапонците не е во една намирница. Подеднакво важна улога имаат и навиките во исхраната.
Рибата, особено лососот и скушата, редовно се наоѓаат на менито, а растителните извори на протеини како што се тофуто и едамамето често се комбинираат со месо и риба. Зелениот чај е секојдневен пијалак за многу Јапонци, додека ѓумбирот и различните видови печурки се користат во многу јадења. Особено е интересно правилото познато како „хара хачи бу“ (hara hachi bu), според кое се јаде до приближно 80 отсто ситост. Таквиот пристап, со помали порции отколку во повеќето западни земји, помага во контролата на вкупниот внес на калории и го намалува ризикот од прејадување.
Токму комбинацијата од разновидна исхрана, ферментирани намирници, квалитетни извори на протеини и умереност на масата често се наведува како една од причините зошто Јапонците и понатаму спаѓаат меѓу најздравите и најдолговечните луѓе во светот.
„Сини зони“ – региони каде живеат најмногу стогодишници: Ова се нивните тајни


