Како да живеете 100 години: Работи кои ги прават секое утро најсреќните луѓе на светот кои живеат најдолго

ФОТО: Пекселс/Максим Ромаскин

Луѓето што живеат во регионите на Јапонија, Костарика, Италија, Грција и Калифорнија се меѓу најдолговечните во светот, но се и меѓу најсреќните. Исто така, оние кои живеат во Окинава, полуостровот Никоја, Сардинија, Икарија и Лома Линда имаат сличен начин на живот што придонесува за нивната долговечност.

Станува збор за таканаречените сини зони, а тоа се локалитети каде жителите живеат до 100 години, а важат и за најсреќните луѓе на светот.

Тамошните жители биле предмет на безброј студии, а научниците барале насоки за среќен и долг живот во нивниот начин на живот, пишува британски „Сан“.

Излегува дека повеќето луѓе во сините зони следат едноставни утрински рутини со кои можете да го започнете денот. Од она што го јадат и пијат, до начинот на кој му пристапуваат на секое утро од ментална перспектива, тие се водени од одредени навики.

1. Имајте здрав појадок

Повеќето луѓе кои живеат во сините зони уживаат во богата и разновидна или растителна исхрана. Тие главно јадат повеќе целосна храна, овошје и зеленчук и помалку црвено или преработено месо, шеќер и скробни јаглехидрати отколку во западната исхрана.

Истражувањата покажаа дека медитеранската исхрана, која се заснова на консумирање на интегрални житарки, маслиново масло, грав, јаткасти плодови и риба, може да помогне во намалувањето на ризикот од низа болести. Тие вклучуваат Алцхајмерова болест, срцеви болести, мозочен удар и разни видови на рак.

2. Уживајте во шолја кафе

Кафето е клучен дел во исхраната на повеќето луѓе кои живеат на сините зони. Луѓето кои живеат во овие региони пијат околу две до три шолји кафе дневно. Истражувањата покажале дека три шолји кафе дневно помагаат да се намали ризикот од дијабетес и дебелина.

„Нашите наоди сугерираат дека кофеинот може барем делумно да ја објасни обратната поврзаност помеѓу консумирањето кафе и ризикот од дијабетес тип 2. Во меѓувреме, полифенолите – природни антиоксиданти во овој пијалак се исто така поврзани со помал ризик од деменција.

3. Пронајдете ја целта на вашиот живот

Сите луѓе во сините зони следат некоја варијација на јапонската техника за среќен живот – Икигаи. Станува збор за откривање на она што му дава цел на вашиот живот – причината зошто станувате од кревет секое утро.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои чувствуваат дека имаат повисока цел имаат тенденција да живеат подолго.

4. Кажете му нешто убаво на првиот човек што ќе го сретнете

Начинот на кој се однесувате со луѓето на почетокот на денот може да ви даде поттик за среќа.

Авторот Ден Баутнер, кој го измислил терминот „сина зона“, вели дека секое утро го започнува со кажување нешто убаво на првата личност што ќе ја сретне.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот