Турција со неверојатна статистика во првите две кола на Мундијалот постави неславен рекорд
Турција доживеа вистински дебакл на Светското првенство, откако по само две кола во групата Д остана без шанси за пласман во нокаут-фазата. Поразите од Австралија (2-0) и Парагвај (1-0) ги избришаа сите надежи на турската селекција за продолжување на турнирот.
Препорачано
Поради таквиот развој на настаните, последниот натпревар против САД ќе биде само формалност за Турците, бидејќи повеќе немаат можност да се вмешаат во битката за следната рунда.
Особено загрижувачки за турскиот табор е фактот што репрезентацијата не успеа да постигне ниту еден гол на првите два меча и покрај тоа што создаде голем број шанси. Според официјалната статистика, Турција упатила вкупно 62 удари кон противничките голови, 30 против Австралија и уште 32 против Парагвај.
Токму овој податок го прави нивниот настап уште понеобичен. Имено, станува збор за најголем број удари без гол во низа од два натпревари на едно Светско првенство откако се води детална статистика, односно од 1966 година.
ВИДЕО | Парагвај победи и со играч помалку, крај на Мундијалот за Турција
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
40мин
-
47мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


