Фото: EPA/STEPHAN BRASHEAR

ВИДЕО | Американците ја совладаа Австралија за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на САД ја победи Австралија со 2:0 во Сиетл во второто коло од групата Д на Светското првенство.

Американците имаат сега шест бода, и со вториот триумф на Мундијалот го обезбедија пласманот во нокаут-фазата, односно во 1/16 финалето, останува само да се види од која позиција.

Австралија на стартот ја изненади Турција и освои три бода, но сега беа надиграни од многу мотивиран ривал.

Берџес постигна автогол во 11 минута, а конечните 2:0 ги постави Фримен во 43 минута од натпреварот.

Во 05.00 часот наутро по македонско време, во вториот меч од второто коло во оваа група, ќе се сретнат Турција и Парагвај во Сан Франциско, и шанса да освојат бодови.

Во последното коло, на 26 јули селекцијата на САД се среќава со Турција, а истиот ден Австралија ќе игра против Парагвај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот