ВИДЕО | Тензии и инцидент пред Општина Гостивар, гневни жители на Дебреше бараа вода
Во еден момент, дел од насобраните дебрешани се приближија до општинската зграда и го скршија стаклото на влезната врата
Со празни кофи и извици „Сакаме вода“, жителите на Дебреше протестираа пред Општина Гостивар поради долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, јави гостиварската телевизија „ТВ2“.
Препорачано
Гневните жители на селото порачаа дека повеќе не сакаат ветувања, туку конкретни решенија, особено пред доаѓањето на иселениците во летниот период, кога во Дебреше доаѓаат стотици гурбетчии.
На протестот се случи куса ескалација и инцидент, кога дел од насобраните дебрешани се приближија до општинската зграда и го скршија стаклото на влезната врата. По апелите за смирување, учесниците во протестот се повлекоа.
Од Општина Гостивар соопштија дека проблемот трае со децении и дека веќе се работи на нов вод и санација на изворот над селото, со цел подобрување на снабдувањето со вода. Оттаму побараа разбирање и трпение од жителите додека траат активностите.
Жителите, пак, предупредија дека доколку проблемот не се реши, ќе излезат на порадикален протест.
Жители на Алдинци и Мала Река со протест побараа одговорност за сотрената шума на Караџица


