Фото: Alldinca / Фејсбук

Жители на Алдинци и Мала Река со протест побараа одговорност за сотрената шума на Караџица

Жители на селата Алдинци и Мала Река денеска одржаа мирен протест за да го кренат гласот против, како што рекоа, нелегалната сеча и уништување на шумите, како и против оштетувањето на локалните патишта од тешка механизација и транспортни возила на Караџица, дел од масивот Јакупица.

Според искуствата на терен, најголема штета има по шумите од Алдинци кон планинарскиот дом „Караџица“.

„Нашата порака е јасна: шумите, патиштата, нивите и нашите имоти не смеат да се уништуваат без одговорност и без консултација со локалното население“, посочија жителите.

Тие денеска ги повторија барањата за прекин на сечата на шумите, итно чистење на патиштата, како и санација на штетите предизвикани на локалната инфраструктура.

„Бараме полна транспарентност за сите досегашни активности, исто и одговорност за нанесените штети и постапки против одговорните лица. Вклучување на претставници од Алдинци и Мала Река во одлучувањето за шумарските активности. Бараме и строга контрола на мини хидроцентралата, бидејќи ипротокот на водата во реката Кадина е значително намален, што го доведува во опасност флората и фауната на овој природен екосистем“, рекоа од месните заедници на Алдинци и Мала Река.

Тие најавуваат ќе застанат во одбрана на шумите и правата на жителите, сѐ додека не се им се исполнат барања.

„Заедно за заштитени шуми, безбедни патишта и подобра иднина за нашата Каршијака“, соопштија по протестот.

„Шумите на Караџица се уништени“ – локални жители утре излегуваат на протест и не даваат сеча без нивна дозвола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот