Руски дрон, АРХИВА СП -Извор Х

ВИДЕО | Русија воведува ограничувања за дронови и лесни летала околу Москва – погодете зошто!

Русија воведува ограничувања за летови на лесни приватни воздухоплови и дронови во Москва и во околните региони, соопшти денеска руската агенција за воздушен сообраќај „Росавијација“.

Според новите мерки, лесните и ултралесните летала, како и дроновите, ќе мора да летаат на висина не помала од 5.200 метри. Таа висина е надвор од досегот на најголем дел од ваквите летала.

Ограничувањата доаѓаат во период кога Русија во последните месеци редовно одбива украински напади со дронови, особено оние насочени кон подрачјата околу Москва.

Мерките ќе важат во Москва и Московската област, а во помал обем и во областите Рјазањ, Тула, Калуга, Твер, Јарослављ и Владимир. Ограничувањата стапуваат во сила на дваесетти јуни.

Редовните патнички и чартер-летови ќе продолжат да се одвиваат нормално.

Русија со дронови нападна неколку украински градови, убиени се најмалку пет луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот