фото илустрација: Напад во Запорожје

Русија со дронови нападна неколку украински градови, убиени се најмалку пет луѓе

Руски дронови синоќа нападнаа повеќе градови во источна и во југоисточна Украина, при што загинаа петмина, а беше предизвикан пожар во станбен објект и во трговски центар, објави „Ројтерс“.

Обвинителството во Доњецката Област, кој е главното жариште на фронтот во Украина, соопшти дека тројца луѓе загинале во два бомбашки напади врз градот Словјанск. Повредени се уште пет луѓе.

Словјанск е дел од таканаречениот „појас на тврдини“ на Украина – силно утврден одбранбен појас што армијата го смета за клучен во запирањето на бавното руско напредување во Доњецката Област.

Во југоисточниот украински град Запорожје, националната полиција соопшти дека бран од десетици дронови усмртил еден човек кој се наоѓал во својот автомобил, а уште седум жители биле повредени.

Регионалниот гувернер Иван Федоров изјави дека градот бил погоден од пет напади. Според него, избувнал пожар во станбен објект и во трговски центар, а оштетена била и една образовна установа.

Русија изврши бран напади врз Украина, загинаа девет луѓе — оштетен е Манастирот на пештерите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот