Австрија Јордан Фото: EPA/BENJAMIN FANJOY

Австрија во финишот го скрши отпорот на Јордан и ја прекина 36-годишната мундијалска суша

Австрија со победа од 3-1 над Јордан го заокружи ефикасниот ден на Светското првенство, во кој беа постигнати вкупно 16 голови на четири натпревари.

Австријците ја забележаа првата мундијалска победа по цели 36 години, а до трите бода стигнаа благодарение на одличното второ полувреме. Шмит го отвори резултатот во 21. минута, но Јордан израмни преку Олван во 50. минута, кој го постигна првиот гол за својата земја на светските првенства.

Клучниот момент дојде во финишот кога Ал Араб си постигна автогол за ново водство на Австрија, а искусниот Марко Арнаутовиќ во судиското продолжение од пенал ги постави конечните 3-1.

Во следното коло Австрија ја очекува голем предизвик против актуелниот шампион Аргентина, додека Јордан ќе игра против Алжир.

ВИДЕО | Меси тргна со хет-трик, Аргентина сигурна против Алжир, Халанд даде два гола во победата на Норвешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот