Актерот Пол Ејвери со сопругата Шила/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Ѕвездата на „Сите мои деца“ и неговата сопруга загинаа во пожар

Актерот Пол Ејвери, познат по улогата во американската сапуница „Сите мои деца“ (All My Children), и неговата сопруга Шила загинале во пожар што избувнал во нивниот семеен дом во американската држава Њу Џерси.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а надлежните служби спроведуваат истрага за да ги утврдат околностите под кои се случила трагедијата.

Според наводите на американските медиуми, пожарникарите пристигнале на местото на несреќата во вторникот и успеале да ги извлечат сопружниците од куќата зафатена од пожар. Меѓутоа, Ејвери и неговата сопруга биле во критична состојба и починале кратко потоа.

Ејвери имал 81 година и бил основач и главен уредник на локалниот весник „Риџ вју ехо“. Неговиот долгогодишен пријател и соработник Џо Фалон го опишал како исклучително сестрана личност.

„Секогаш велев дека Пол е најинтересниот човек на светот, бидејќи навистина беше таков кога ќе се земе предвид сè што направил во својот живот. Беше актер, падобранец, ветеран од Виетнамската војна и основач на весник. Остави голема празнина не само во Блерстаун, туку и во околните градови. Мислам дека на сите многу ќе ни недостасува, а тоа со текот на времето сè повеќе ќе го чувствуваме“, рекол Фалон.

Тажната вест ја потврдила и нивната ќерка Кајл Ејвери, која од своите родители се простила со емотивна објава на социјалните мрежи.

„Скршена сум што морам да ја споделам веста дека нашите родители, Пол и Шила Гари Ејвери, починале рано утрово. Многу ги сакавме, а и тие многу нè сакаа. Никој никогаш не мораше да се сомнева во тоа“, напишала таа.

Пол Ејвери уште како тинејџер бил падобранец, а подоцна служел како член на екипаж на хеликоптер во текот на Виетнамската војна. И по завршувањето на воената служба продолжил да лета со авиони како хоби.

Во текот на осумдесеттите години глумеше во серијата „Сите мои деца“, во која дури 12 години го толкуваше ликот на шанкерот Хјуи од барот „Фоксис“. Се појави и во филмот „Супермен“ од 1978 година, каде што глумеше снимател, како и во епизодни улоги во сериите „Соап“ и „Три компанија“.

По завршувањето на актерската кариера, се посвети на новинарството. Работеше во „Њујорк тајмс“, а потоа го основаше локалниот весник „Риџ вју ехо“.

Според пишувањето на списанието „Соап опера дајџест“, од 2018 година, Ејвери бил и главен негувател на  сопругата Шила, која во тоа време доживеала мозочен удар.

Ештон Качер одби да коментира како било на контроверзните забави на Диди: Ух, имам многу да кажам, но не смеам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот