Коста Кецмановиќ

Судот откри нови детали за психолошката состојба на Коста Кецмановиќ — неговата мајка многу му влијаела

Вишиот суд во Белград откри детали за моменталната психолошка состојба на момчето убиец Коста Кецмановиќ што изврши масакр во Основното училиште „Владислав Рибникар“.

Притоа, судскиот совет детално ги образложи причините за својата одлука да ја изрече пресудата за родителите на Коста, Владимир и Милјана Кецмановиќ, со која беа осудени на вкупно 17 години и пет месеци затвор.

„За време на престојот во психијатриската установа научил да покажува емоции, почнал да верува во Бога и побарал да се исповеда. Рекол и дека сега му е јасно зошто татко му му велел да не им кажува на другарите дека оди на стрелиште. Навел дека денес се чувствува позрел и дека сега умее да си ги разбере и да си ги објасни емоциите“, образложи судијата.

Судот наведе дека тој од денот на извршувањето на злосторството се наоѓа во специјализирана психијатриска установа, каде што нема контакт со надворешниот свет, освен со лекарите и со полицајците кои се грижат за неговото обезбедување.

Образложувајќи ги мотивите што ѝ претходеле на трагедијата, судот укажа дека кај Коста со години постоело изразено чувство на отфрленост.

„Тоа чувство го имал уште во шесто и во седмо одделение. На неговата мајка најважно ѝ било тој да биде најдобар, а нејзиното незадоволство силно влијаело врз него. Судот наведе и дека малолетникот сакал да биде психопат, како и дека изјавил дека престанал да биде среќен“, беше речено денеска во судницата.

За време на сведочењето во постапката против родителите, Коста рекол дека би сакал неговите родители навреме да забележеле што се случува со него и да го спречеле. Докажано е дека тој бил психички запоставен, но не и непресметлив.

Според образложението на пресудата, токму бројните пропусти во родителскиот надзор и непрепознавањето на проблемите кај детето биле меѓу клучните околности што судот ги зел предвид при донесувањето на одлуката.

Да потсетиме, на малолетникот кој на 3 мај 2023 година изврши масовно убиство во Основното училиште „Владислав Рибникар“ не може да му се суди, бидејќи во моментот на извршувањето на злосторството немал наполнето 14 години, што е законска граница за кривична одговорност.

Во трагедијата што ја потресе Србија беа убиени девет ученици и училишниот чувар, додека повеќе лица беа ранети.

„Те мразам, сине“ – морничави пораки откриени на судењето на родителите на Коста Кецмановиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот