Поранешниот директор на Онкологија, д-р Никола Васев, спроведен во суд / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ
Д-р Нино Васев / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Доктор Нино Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во притвор

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, д-р Никола Васев, излегува од притвор и ќе се брани од слобода. Тој помина една година во притвор, по што Кривичниот суд прифатил гаранција обезбедена со хипотека на имот, со што тој повеќе нема да биде притворен и излегува од затворот Скопје.

Васев е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и проневера во службата, во периодот во кој раководеше со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, заедно со тогашниот економски директор Нехат Нухи, од 2018 до 2022 година.

Обвинителството тврди дека во постапките за јавни набавки за терапија за болните од рак, се набавувале лекови на реверс без да постои законска основа, со што Фондот за здравствено осигурување бил доведен во заблуда.

ОЈО ги товари двајцата поранешни директори и за наводно фиктивно раздолжување на лекови, поточно, дека наводно лековите не биле аплицирани кај пациенти а биле раздолжувани на хартија. На ваков начин според обвинителниот акт се создала разлика меѓу терапијата што била требувана и онаа која била раздолжена од неколку милиони денари.

Судењето за овој предмет трае.

Сведоштво на пациентка: Доктор Нино ми даде лек кој не го запиша никаде дека сум го примила

„Доктор Нино Васев за мене е Господ“, рече ќерка на почината пациентка во судница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот