Блуден свештеник/ Фото: МИА

Свештеник од Хрватска посредувал во проституција на дете, добил законска казна од три години

Свештеник од Хрватска, на возраст од 63 години, бил осуден на три години и осум месеци затвор за посредување во проституција на дете, објави „Јутарњи лист“.

Минатата пролет, свештеникот бил ставен под истрага поради сомневање за посредување во проституција на малолетник во северна Хрватска, по што веднаш бил притворен, а по измината една година, се соочил и со неправосилна пресуда.

Покрај тоа, му биле изречени и мерки на претпазливост. Според мерките, обвинетиот не смее да го напушта местото на живеење, односно куќата за свештеници во рамки на еден дом на Каритас. Исто така, не смее да се приближува до жртвата на помалку од 100 метри, ниту да воспоставува контакт со детето.

Црквата му одредила привремена забрана за вршење парохиска служба, па до завршување на судската постапка бил преместен од парохискиот дом, а му била активирана и забрана за јавно вршење на свештеничка служба.

Поп од Црна Гора сексуално ги злоставувал сопствените деца, обвини бившата попадија

Ја негирал вината

Во текот на судската постапка, која била затворена за јавноста, тој ја негирал вината. Биле сослушани голем број сведоци и биле изведени повеќе докази, но свештеникот ги оспорувал исказите сметајќи ги за недоследни.

Судот не ѝ поверувал на неговата одбрана, сметајќи дека покажал висок степен на криминална волја, упорност, како и безобѕирност и бесчувствителност.

Истрагата започнала со кражба

Истражителите го започнале случајот откако свештеникот пријавил во полиција дека на 16 април минатата година кај хидроакумулациско езеро во Меѓимурје бил ограбен од тројца млади мажи. Тие му го украле мобилниот телефон и неколку стотици евра што ги имал кај себе.

Откако полицијата стапила во контакт со крадците, открила дека еден од младите требало да има сексуален однос со свештеникот во замена за пари кај езерото, но се предомислиле.

Од Општинскиот суд во Чаковец соопштиле дека неправосилната пресуда сè уште не е официјално донесена и дека постапката е во тек. Меѓутоа, Општинското државно обвинителство во Чаковец, на прашањето на „Јутарњи лист“ дали пресудата е донесена и дали ќе се жали на неа, индиректно дало до знаење дека одлуката сепак е донесена.

Осуммина се уапсени за детска порнографија во Србија – меѓу осомничените е и Русин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот